Јапонија ја надмина Кина во јуни како најголем странски сопственик на државни хартии од вредност на САД.
Јапонија додаде околу 21 милијарди американски долари во своето портфолио на американски должнички хартии од вредност од мај годинава, со што вкупните средства ги зголеми на највисоко ниво од октомври 2016 година.
Јапонија сега има 1.120 милијарди американски државни хартии од вредност а Кина има 1.110 милијарди американски долари обврзници издадени од САД, според Министерството за финансии на САД, пренесува CNBC.
Кина веќе не е агресивен купувач на суверен долг на САД, а пазарџиите шпекулираат дека една од акциите што Пекинг би можела да ја преземе во трговска војна со Вашингтон би можела да биде продажба на суверени обврзници од САД.
Сепак, трговците на берзата велат дека нема знаци за тоа да се случи. Велика Британија е трет по големина сопственик на американски долг со 342,3 милијарди американски долари во јуни, пораст од 323,1 милијарди американски долари претходниот месец.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк