ЛОНДОН (Ројтерс) – Јапонија ќе ја пречека Британија “со отворени раце” во трговски пакт на Пацификот, изјави премиерот Шинзо Абе за Фајненшл тајмс во неделата.
Абе, еден од најблиските меѓународните сојузници на британскиот премиер Тереза Мај, исто така, рече дека се надева оти двете страни во британските преговори за Brexit со Европската унија ќе можат да постигнат компромис за да избегнат „тврд“ Brexit.