Американската компанија „Епл“ почнува со составување на своите ајфони во Индија. Технолошкиот гигант ќе почне да ги произведува телефоните следната година во локалниот огранок на компанијата „Фокскон“.
„Фокскон“ ќе ги склопува најскапите модели, како премиум уредот од семејството ајфон икс. Ајфоните ќе се произведуваат во фабриката во градот Сриперумбудур, во јужната индиска држава Тамил Наду.
Фирмата „Фокскон“ веќе произведува телефони за кинеската компанија „Xiaomi“.