САД вчера објавија дека евентуалното намалување на производството на нафта за еден милион барели дневно ќе биде “катастрофално“ за цената на нафтата на берзите, а веќе денес нафташите решија да го намалат производството на нафта не за еден, туку за два милиони барели дневно.

Белата куќа во Вашингтон е во длабока загриженост бидејќи асоцојацијата на производителинна нафта – ОПЕК се согласи да го намали производството на нафта за 2.000.000 барели дневно по договорот на Саудиска Арабија со Русија, потег што се очекува да ги зајакне цените на нафтата, како и позицијата на Москва на глобалните пазари на нафта, без да се каже какви ќе бидат американските контрамерки за не само нивниот стар непријател од Студената војна, туку и еден од нивните сојузници на Блискиот Исток, Саудиска Арабија, кој последниве година дена е во постојани препукувања со администрацијата на Бајден околу контролата на цената на нафтата.

САД ќе испорачаат на пазарот дополнителни 10 милиони барели од стратешките резерви на нафта на пазарот во ноември за да го ублаѓат растот на цените на нафатата која сега помалку ќе се произведува шти значи дека може да се очекува нејзина поголема цена на берзите.

Зголемената цена на нафтата, освен нов удар врз САД и Европската унија, значи и зголемување на профитите од нафта на Русија која, годинава, од нафтата и гасот заработи 40 милијради долари повеќе отколку лани во истиот период.