Денес, Аргентина официјално стана првата земја во светот што одобри одгледување и употреба на генетски модифицирана (ГМО) пченица отпорна на суша.

Сепак, во одлуката на Министерството за земјоделство, објавена во официјалниот весник на земјата, се вели дека семето нема да биде на продажба се додека Бразил, главниот откупувач на аргентинска пченица, не одобри увоз на тој производ, пренесува Ројтерс.

„Трансгената пченица HB4 развиена од Биосерес и Французинот Флоримонд Депре е отпорна на суша и на хербицидот глуфозинат натриум“, се вели во службениот весник.

Ниту една земја сè уште не одобрила увоз на ГМО пченица, што не им дава многу причини на аргентинските земјоделци да посеат нова сорта, се вели во соопштението на британската агенција.

Еколошките организации предупредија дека сè уште не е познато доволно за ГМО културите, третираните убијци на плевелите, како што е натриумот глуфозинат, и дали тие се безбедни за употреба од страна на луѓето.

Минатата година 45 проценти од 11,3 милиони тони пченица што ги извезла Аргентина отишле во соседен Бразил, кој се уште не коментира за потенцијалното одобрување за откуп на сортата ХБ4.

„Дури и ако Бразил даде зелено светло, тоа нема да го поттикне Биосерес да лансира нова технологија комерцијално непосредно пред да добие одобрение од другите пазари“, изјави извршниот директор Федерико Труко за Ројтерс.

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на Банкометар.мк