Маск ги предводи напорите на Трамп за драстично намалување на бројот на федерални работници!
Илон Маск мавташе со моторна пила на бината на конзервативна конференција близу Вашингтон, откако ја доби на подарок од десничарскиот аргентински претседател Хавиер Милеј.
„Ова е моторна пила за бирократијата“, кажа Маск, чиј Оддел за владина ефикасност ги предводи напорите на Доналд Трамп за драстично намалување на бројот на федерални работници.
На црвената моторна пила беше испишан слоганот на Милеј „Да живее слободата, по ѓаволите“ на шпански јазик.
Моторна пила беше заштитен знак на „аргентинскиот Трамп“ за време на претседателската кампања во 2023. Тој се појавуваше со неа на митинзите и така најавуваше големи резови во економијата ако победи. Маск со голем ентузијазам ги промовираше говорите на Милеј, кој присуствуваше на инаугурацијата на Трамп минатиот месец.
„Ѓубре има насекаде“, кажа Маск, алудирајќи на кратењата во федералните агенции.
Само вчера отказ им бил најавен на 6.000 вработени во Службата за внатрешни приходи.