Затворањето на економијата и ограниченото движење поради рестриктивните мерки за спречување на ширењето на корона вирусот ја предизвика најдлабоката рецесија на економија за што е показател падот од 12,7 отсто на бруто домашниот производ, вели ретседателката на Сојузот на стопански комори (ССК), Даниела Арсовска.
– Иако намалување се бележи во речиси сите носечки структурни елементи на БДП, сепак евидентен е падот на извозот на стоки и на услуги кој во номинална вредност изнесува 32 отсто и падот на увозот каде намалувањето е 30,2 отсто, вели Арсовска.