ММФ ја предупредува Хрватска да престане да ги зголемува платите

2019-12-18 16:00

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја предупреди Хрватска дека треба да го реформира јавниот сектор, односно системот на плати, и да инвестира повеќе во инфраструктурата, вклучително и дигиталните услуги. „Ние мора да го сториме тоа за да избегнеме ескалација на јавниот долг“, изјавија од ММФ...

Охрид се задушува во загаден воздух

2019-12-18 15:00

Езерскиот град го задушува загаден воздух. На специјализирана интернет страница за мерење на загадениот воздух Airvisual како и на апликацијата ,,Мој воздух” изминативе неколку денови, податоците за квалитетот на воздухот во Охрид,покажуваат енормно загадување на нашата воздушна бања. Континуирано, во вечерните часови,сумираните измерени вредности...

The Economist: Македонија трета во светот според невработеноста на младите

2019-12-18 14:00

Поразителна е статистиката која вечерва ја објави еминентниот економски магазин „Економист“, според која нашата земја се наоѓа на третото место во светот според стапката на невработеност на младите луѓе од 15 до 24 години. Само Јужна Африка со стапка на невработеност кај младите од 52,9...

Од денес почнува повратот на персоналниот данок за земјоделците

2019-12-18 13:00

Управата за јавни приходи од денес започнува со исплата на повратот на персоналниот данок на доход за земјоделците. На вчерапната заедничка прес конференција, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, посочија дека по овој основ до крајот...

Анѓушев: Нови три странски инвестции ќе се реализираат во земјата

2019-12-18 12:00

Нови три странски инвестиции ќе почнат да се релизираат во земјава, а една од нив е и на американската компанија Дура, која ќе го дополни производството со две нови фабрики што ги убедивме да ги инвестираат во земјава, а планираа да ги отворат во...

Нова Љубљанска Банка (НЛБ) сака да ја купи најголемата државна банка во Србија

2019-12-18 11:00

Нова Љубљанска Банка (НЛБ) влегува во “трка” за купување на најголемата српска банка во доминантна државна сопственост “Комерцијална Банка”, објавија денес словенечките медиуми, а пренесе дописникот на МИА од Љубљана. Според информациите, интерес за купување на банката, покрај НЛБ, покажале и австриската “Рајфајзен Банк”...

Ова се најуспешните македонски претприемачи за 2019 година

2019-12-18 10:00

Со цел поттикнување на претприемачкиот дух преку промоција на успешни примери и годинава по 13ти пат се додели престижното национално признание „Претприемач на годината 2019“ за најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во земјата. Во категоријата мали претпријатија првата награда и припадна на...

8.000 компании аплицирале за субвенции за повисоки плати

2019-12-18 09:00

8.000 фирми побарале субвенции од државата за да може да исплаќаат поголеми плати на 45 илјади вработени, соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска. За октомври и ноември фирмите треба да добијат 58 милиони денари за да може да исплатат поголеми плати, а...

Македонците трошат 37,8 % од приходите за храна!

2019-12-17 21:00

Жителите на Македонија 37,8 отсто од своите месечни приходи трошат за храна, покажува истражувањето на руската агенција „РИА Рејтинг“, со кое се опфатени 40 европски држави врз основа на податоци од националните статистички служби за 2019 година. Наспроти ова, жителите на земјава, според анализата,...

Ќе се проширува Охридскиот аеродром

2019-12-17 20:00

ТАВ Македонија најавува проширување на Охридскиот аеродром во 2020-та година. Со тоа ќе се удвои капацитетот на терминалната зграда и ќе можат да се опслужуваат шестотини илјади патници годишно. Се разбира, тоа е резултат на зголемувањето на патниците, чиј број на почетокот на месецов...