2019-10-03 15:00
Платите во јавниот сектор ќе се исплатат навремено и во рамки на законскиот рок, повисоки за 5 проценти, како што беше ветено, соопштија од Владата. „Септемвриската плата со ветеното покачување од пет проценти ќе се исплати во законски предвидениот рок. Зголемена плата за 5...2019-10-03 14:00
Светската трговска организација (СТО) донесе одлука дека САД можат да наметнат давачки за европски производи во вредност од 7,5 милијарди американски долари поради нелегални субвенции кои Европската Унија ѝ ги дала на авиокомпанијата „Ербас“. Европската комисија соопшти дека наметнувањето санкции за стоки од ЕУ...2019-10-03 13:00
Кинескиот политичар Џанг Чи (58) ќе мора да даде добро објаснување за потеклото на златото кое е пронајдено во подрумот од неговата куќа. Џанг Чи, член на покраинските и општинските одбори на партијата, наводно бил на дисциплинско испитување и се наоѓа под истрага поради...2019-10-03 12:00
Луѓето кои работат од девет наутро до пет часот попладне се помалку склони кон депресија од оние кои работат во втора смена и во ноќни смени, покажува британска студија. Жените се особено чувствителни на работата во смени, пренесува Американскиот здравствен журнал. Истражувачите детално ги...2019-10-03 11:00
Компаниите за кредитни картички „Виза“ и „Мастеркард“ и група финансиски партнери би можеле да го преиспитаат учеството во проектот за издавање на криптовалутата на„Фејсбук“ – Libra, објави Вол Стрит Журнал, повикувајќи се на цитирани неименувани извори. Финансиските партнери во проектот не се подготвени да...2019-10-03 10:00
Европската централна банка вчера за прв пат ја објави краткорочната стапка на еврото (STR), нова каматна стапка. Стапката ја отсликува големопродажната цена на необезбедените заеми на банките во еврозоната. Краткорочниот курс на еврото (EUR STR) се објавува секој работен ден на TARGET2, врз основа...2019-10-03 09:00
Технолошката ефикасност ќе резултира со најголем прекин на работните места во американската банкарска индустрија во својата историја, со проценето намалување на околу 200 000 работни места во текот на следната деценија, се вели во извештајот на „Велс Фарго и Ко“. Околу 150 милијарди американски...2019-10-02 21:00
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска на сметките на 638 лица исплати близу 82.724.000 денари за одгледувачите на органско производство. Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, преку соопштение за јавноста информира дека станува збор за исплата на средства за оние апликанти...2019-10-02 20:00
Глобалните потрошувачи имаат највисоки оценки за производите од Германија, а најмалку ги ценат кинеските производи, според истражувањето на агенцијата за јавно мислење YouGov и Универзитетот Кембриџ. Повеќе од половина од испитаниците во 23 земји дадоа позитивна оценка за германските производи, а само шест проценти...2019-10-02 19:00
Банкарски производ со којшто преку само еден клик граѓаните може да станат штедач на Халк банка. Со оваа новина банката воведува значајна дигитализација на банкарските услуги. Халк банк како лидер во воведувањето нови современи технологии и создавање производи и услуги, подготви нов иновативен производ...