Јавен оглас за мерката Практиканство од АВРМ.
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Ве известува дека во тек е Јавниот оглас за мерката Практиканство која се имплементира согласно Оперативниот план за активни програми и мерки и услуги на пазарот на трудот за 2021 година.
Мерката Практиканство овозможува стекнување на практични работни знаења и вештини потребни за извршување на работни задачи на одредени работни места и е наменета за невработени лица до 34 години со минимум завршено средно образование.
За повеќе информации може да се обратите во работните клубови на 30-те Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на РСМ и на официјалната веб страна на АВРСМ.