Врз основа на член 57 од Стаутот на Охридска банка АД Скопје, Надзорниот одбор на Банката го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК
за 45. седница на Собранието на акционерите
на Охридска банка АД Скопје

Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје НО бр. 0203-25172/2 од 28.5.2020 година, 45. седница на Собранието на акционерите на Охридска банка АД Скопје ќе се одржи на ден 30.6.2020 година (вторник), со почеток во 12 часот, во просториите на Охридска банка АД Скопје, ул. „Орце Николов“ бр. 54, 1000 Скопје.

За работата на 45. седница на Собранието на акционерите на Охридска банка АД Скопје, Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје го предлага следниот

ДНЕВЕН РЕД

I. Процедурален дел

1. Отворање на Собранието.
2. Избор на работни тела:
– избор на претседавач,
– избор на записничар (нотар) и на комисија за броење гласови.

II. Работен дел

1. Утврдување на дневниот ред од работниот дел

2. Усвојување на Записникот од 44. седница на Собранието на акционерите на Банката

3. Воведно излагање на претседателот на Управниот одбор на Банката

4. Годишен извештај за работењето на Охридска Банка АД Скопје за 2019 со писмено мислење изготвено од страна на Надзорниот одбор на Банката со:
– Предлог-одлука за усвојување на годишниот извештај за работењето на Охридска Банка АД Скопје за 2019 година и писменото мислење;

5. Извештај за работењето на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје за 2019 година, од аспект на поединечните членови и колективно, со:
– Предлог-одлука за одобрување на работата на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје за 2019 година, од аспект на поединечните членови и колективно.
– Годишна оцена за соодветноста на членовите на Надзорниот одбор на Охридска банка за 2019 година.

6. Извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи на Охридска банка АД Скопје, со мислење на ревизорската куќа „Ернст и Јанг“ доо Скопје и писмено мислење по него изготвено од страна на Надзорниот одбор на Банката, со
– Предлог-одлука за усвојување на Извештајот на ревизорската куќа „Ернст и Јанг“ доо Скопје за работењето на Охридска банка АД Скопје за 2019 година и писменото мислење.

7. Годишна сметка и финансиски извештаи на Охридска Банка АД Скопје за 2019 година, со
– Предлог–Одлука за усвојување на Годишната сметка и финансиските извештаи на Охридска Банка АД Скопје за 2019 година,
– Предлог–Одлука за одобрување на Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка на Охридска Банка АД Скопје со годишната сметка за 2019 година.

8. Предлог-одлука за утврдување на висината на надоместокот за работа во органите на Охридска Банка АД Скопје за 2019 (Надзорен одбор и Одбор за ревизија)

9. Предлог-одлука за наградување на членови на Надзорен одбор и Одбор за ревизија за 2020 година

10. Предлог-одлука за измена и дополнување на Статутот на Охридска банка АД Скопје со
– пречистениот текст на Статутот на Охридска банка АД Скопје.

Се повикуваат акционерите на Охридска банка АД Скопје да присуствуваат и да учествуваат во работата на Собранието.

Секој акционер што има намера да учествува е должен да го пријави своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание или со претходно доставување писмена пријава за учество на адресата на
Банката:

Охридска банка АД Скопје
„Орце Николов“ бр. 54
1000 Скопје
со назнака „за Собранието на акционерите“.

Обрасците за пријава на учеството на седницата можат да се најдат на интернет-страницата на Банката.

Собранието ќе одлучува само за прашањата што се уредно ставени на дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин што е во согласност со Статутот на Банката и со одредбите од Законот за трговските друштва.

Секој акционер, со писмено полномошно, може да овласти друго физичко или правно лице како свој полномошник кој ќе учествува и ќе гласа на седницата на Собранието во негово име, за што е должен веднаш да ја извести Банката, а во спротивно ќе се смета дека не го дал полномошното. Деталните информации за начинот на овластување полномошник, обрасците за гласање преку полномошник и начинот на известување за овластување полномошник може да се најдат на интернет – страницата на Банката.

Акционерите, кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број на акциите со право на глас, можат во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на јавниот повик за свикување на Собранието, односно најдоцна до 8.6.2020 година до 16.00 часот, да предложат дополнување на дневниот ред на Собранието со барање за вклучување нови точки на дневен ред и да предложат за усвојување одлуки по секоја од точките што се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред на свиканото Собрание.

Секој акционер има право да поставува прашања по секоја од точките од дневниот ред на седницата или претходно, со доставување прашање во писмена форма на горенаведената адреса на Банката.

Детални информации за начинот на предлагање точки на дневниот ред, поставувањето прашања и предлагањето одлуки може да се најдат на интернет – страницата на Банката.

Акционерите можат да се запознаат со материјалите од дневниот ред по којшто ќе работи Собранието и со дополнителните информации, во согласност со Законот за трговските друштва, во просториите на Охридска банка АД Скопје секој работен ден од
8.00 до 15.00 часот и на интернет – страницата на Банката.