Вкупниот долг до крајот на годината ќе стигне до 6 милијарди евра. Според владините проекции во следните 10 месеци тој ќе се зголеми за уште половина милијарда евра., или ќе се зголеми за 1,5 %. Според министерката Ангеловска , долгот не се зголемувал , туку се стабилизирал.- а парите се трошеле за капитални проeкти.
По изборите владата планира задолжување со еврообверзнивца вредна половина милијарда евра. Со неа, во најголем дел ќе се враќаат стари долгови.
Од денеска граѓаните ќе можат во секој момент да се информираат каде и за што се трошат народните пари, преку новата платформа на сајтот на министерството за финансии.
Алатката за транспарентност е добредојдена, но податоците треба да се презентираат точно и објективно, вели дополнителната заменичка од ВМРО ДПМНЕ.
Според Кочоска граѓаните заслужуваат да знаат дека јавниот долг расте, а не се стабилизира, како што тврди Ангеловска. Само во последните 3 години јавниот долг пораснал за 780 милиони евра.
Ако ги нема капиталните инвестиции, се поставува прашањето за што се трошат парите на граѓаните, реагира Кочоска.