Во најава нов заем од 500 милиони евра. Државата ги доби првите 500 милиони евра од Унгарскиот кредит, веќе е најавена и втората “транша” , најверојатно повторно од Будимпешта, пишува Порталб.мк. Новите задолжувања веќе ги цртаат проекциите за зголемен Јавен долг.

Во 2029 та сатабилизација на Јавниот долг на ниво од 60% , до тогаш …

“За да се задржи нивото на Јавен долг во одржливи рамки, без притоа да се наруши фискалната одржливост, се утврдува лимитот на вкупниот Јавен долг на среден и на долг рок којшто не треба да го надмине нивото од 60% од БДП. Среднорочните проекции прикажани во оваа стратегија покажуваат дека јавниот долг во однос на БДП ќе го намине максималниот праг од 60%. Во 2025 та се очекува умерен пад а опаѓачкиот тренд ќе продолжи во 2026-2028 и во 2029 година кога се очекува да се стабилизира на 60% од БДП” – се наведува во новиот документ “Стратегијата за управување со Јавен долг”.

Оваа 2024 та завршува со веќе земениот Унгарски кредит од 500 милиони евра. За следната 2025 та, во најава е уште една “транша” од 500 милиони евра, најверојатно, повторно од Будимпешта, но се уште се прават анализи за состојбите на меѓународниот финансиски пазар. Ова задолжување , веќе извесно, ги помести границите на Јавниот долг. Годинава, според проценките од новите документи на Министерството за финансии, ќе заврши со ниво на јавен долг од 66,4%.

 

Ниво на Јавен долг како % од БДП

 

2024 та 66,4%

 

2025 та 65,2%

 

2026 та 63,5%

 

2027 та 62,4%

 

2028 та 60,4%

 

2029 та 59,0%

 

Извор: МФ

 

И покрај растечкото ниво на Јавен долг, од Владата тврдат дека нема да има неоправдани задолжувања и дека нема да биде згрозена финансиската стабилност на државата.

 

“Политиката на управување со јавен долг ќе биде насочена кон обезбедување на неопходните средства за финансирање на буџетскиот дефицит, за отплата на долговите што достасуваат како резултат на задолжувањата од претходните години и за проектно финансирање, без притоа да се предизвика неоправдано зголемување на долгот до ниво кое може да ја загрози стабилноста на економијата и економскиот раст на државата” – се наведува во новата Фискална стратегија.

 

За 5 години треба да се вратат 6 милијарди евра по основ на државен долг..

 

Се земаат нови заеми а на “врата” ќе тропнат доспеани, за отплата. Според пресметките на Министерството за финансии, за пет години само Централната власт по основ на доспеани обврски треба да врати 6 милијарди евра на домашните и на странски кредитори.

 

Сума за отплата на долг ( надворешен и внатрешен)

 

2025 та 1 230 000 000 евра

 

2026 та 1 257 000 000 евра

 

2027 та 1 255 000 000 евра

 

2028 та 1 529 000 000 евра

 

2029 та 790 000 000 евра

 

Извор: Министерство за финансии

 

Најголем износ, 1,5 милијарди евра, треба да се врати во 2028 та година. Најголемите суми се по основ на еврообврзници. Во секоја од следните 4 години треба да се исплати по една Еврообврзница или вкупен износ од 2 400 000 000 ( две милијарди и четиристотини милиони евра) само по основ на главница.

 

Доспевање на Еврообврзници

 

2025 та 500 000 000 евра Еврообврзница 2018

 

2026 та 700 000 000 евра Еврообврзница 2020

 

2027 та 500 000 000 евра Еврообврзница 2023

 

2028 та 700 000 000 евра Еврообврзница 2021

 

Извор: МФ

Во 2025 та година, според проценките на Министерството за финансии, задолжувањето по основ на државниот долг се лимитира на 600 милиони евра, односно тоа треба дa биде максималниот износ на заем кој ќе биде земен од домашните и од странските кредитори.

На истекот од 2024 та, според последните достапни податоци , Јавниот долг на крајот од првото економско полугодие изнесувал 60,5% или 8 870 900 евра