Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија од идниот месец ќе биде именуван за претседател на Коморскиот инвестициски форум. Одлуката е донесена на денешната седница на Управниот одбор на КИФ.
„Од основањето на Коморскиот инвестициски форум како заедничка институција на шесте комори од Западен Балкан, направени се значителни поместувања во поглед на поврзување на бизнис заедниците и економиите од регионот и зајакнување на меѓусебните односи на ниво на шесте влади од Западен Балкан. Шесте комори во рамки на КИФ, во соработка со своите стратешки партнери и поддржувачи на процесот за креирање единствена регионална економска област, активно работат на имплементација на проектни активности во насока на креирање на подобри услови за работа на компаниите во регионот но и нивен настап на европските пазари- истакна претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески на денешниот состанок на Управниот Одбор на Коморскиот инвестициски форум.