Треба да продолжи континуитетот на правната проблематика за време на владеењето на една власт, а дали ќе се злоупотреби, е друго прашање и за тоа треба да постојат институции што ќе го санкционираат, рече денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески во врска со вчерашната најава на премиерот Христијан Мицкоски, дека на следната владина седница, во среда, ќе се формира ад-хок тело кое ќе испитува „како претходната влада поделила 100 милиони евра без критериуми за наводна поддршка на компаниите во време на КОВИД кризата“.
Како што истакна Азески одговорајќи на новинарско прашање, ставот на Комората во однос на криминалот, корупцијата и сивата економија, е толеранција нула.