Во повеќе од половина од 75 најсиромашни земји во светот, и покрај ивниот голем потенцијал во суровини и активна млада популација, БДП по жител во 2023/2024 година растел побавно отколку во богатите земји, што ја зголемува нееднаквосра, соопшти Светска банка.
За една третина од тие земји БДП по жител сега е понизок отколку пред пандемијата на КОВИД-19, пишува во извештајот кој Светска банка го објави за земјите кои би можеле да имаат корист од подароци или заеми од Меѓународната развојна агенција (IDA), огранок на Светска банка, под поволни услови.
„Добросостојбата на тие земји е неопходна за долгорочен просперитет на светпт. Три денешни сили – Кина, Индија и Јужна Кореја – се земји кои исто така профитирале од заеми од IDA“ потсетија од Светска банка.
Оттамувелат дека тие три земји просперирале, ја истребиле есктремната сиромаштија и ги подобриле условите за живот. Земјите кои ги финансира IDA денес со меѓународна помош имаат потенцијал да го направат истото.
Во некоиземји ситуацијата е уште покритична со степен на екстремна сиромаштија осум пати поголем од светскиот просек. Речиси 25% од населението во тие земји живее со помалку од 2,15 солари на ден, а 90% од луѓето во светот се соочени со глад или неухранетаост, а тоа главно е концентрирано во тие земји кои се наоѓаат во СупсахарскаАфрика или во Источна и Јужна Азија.