Сите лозари кои ги исполнуваат законските услови да бидат финансиски поддржани во однос на долговите што и кон нив ги имаат неколку винарии се исплатени, рече денеска директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој, Николчо Бабовски. Тој одговарајќи на новинарско прашање, на настанот во село Сливник, што ќе биде со оние лозари кои по вчерашната исплата на субвенцијата од 1 денар а не добиле пари за побарувањата од винариите Стефани и Повардарие тој додаде:
– Одговорно тврдам дека има неколку лица кои што немаат основ даа ја добијат поддршката односно во 2015 и во 2016 година не биле корисници на основната мерка за субвенции и тие лица не можат да бидат обештетени на овој начин, додаде Бабовски.