НаЈвисоките надоместоци за роаминг-услугите во регионот на Западен Балкан ќе бидат доведени до нивото на цени во согласност со правилата „роаминг како дома“, кои се применуваат во Европската Унија.
Ова со потпишување на официјална спогодба го договорија ресорните министри задолжени за дигитализација од земјите од Западен Балкан, денеска на Дигиталниот самит во Белград.
Според договорот, одредбите треба да се реализираат најдоцна до 1 јули 2021 година, а државите се обврзаа да ги преземат сите потребни подготвителни чекори.
Исто така, со спогодбата се предвидува да се воведе преоден режим за роаминг-услугите почнувајќи од 1 јули годинава.
За нашата држава, договорот е потпишан од страна на министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, информираат од ресорното министерство.