banca-intesa-fb

Реномираното меѓународно списание за финансии Global Finance ја прогласи Banca Intesa за најдобра банка во Србија за 2018 година, пишува Bizlife.rs.

Признанија им се доделени на 150 банки ширум светот, за нивното внимание и соработка со своите клиенти кои од година в година се зголемувале.

При селекцијата на банките во предвид биле земени неколку критериуми, меѓу кои и порастот на активата, иновативност на производи и понудите за клиентите, а улога играле и оценките на финансиските аналитичари, како и мислењето на банкарските консултанти и претставници на корпоративниот сектор.

Магазинот Global Finance, којшто има седиште во Њујорк и канцеларии во Лондон и Милано, формиран е во 1987 година. Списанието излегува еднаш месечно во тираж од 50.000 примероци и има читателска публика ширум 163 земји. Најголеми претплатници на списанието се извршни и финансиски директори на водечки мултинационални компании и финансиски институции.