Американската банка на „Bank of America“ објави квартална добивка повисока од очекувањата на „Волстрит“, откако вториот најголем кредитор во САД малку ги намали трошоците и го зголеми растот на кредитите и депозитите, објави „Ројтерс“.
Вкупните кредити се зголемија за 2%, додека одделенијата за банкарство на потрошувачи и управување со богатството се зголемија за 7%.
Неодамнешните потези од страна на регулаторите и политичарите за намалување на даночните стапки во голема мера ги фаворизираат американските банки, но загриженоста за ескалирачката трговска војна помеѓу САД и Кина предизвика сомневање за идниот раст на кредитите.
На конференцијата во мај, шефот на корпоративното банкарство на „Bank of America“, Кристијан Месинер, рече дека идните нови заеми ќе ги надминат резултатите од 2017-та година, но е премногу рано да се предвиди побарувачката за заеми за годината.
„Стабилната оперативна потпора и активност на клиентите го зголемија профитот во овој квартал. Гледаме раст на потрошувачките и комерцијалните кредити и депозити“, рече главниот извршен директор Брајан Мојнихан.
Акциите на „Bank of America“ се зголемија за 1% во пред-трговијата.
Нето добивката се зголеми на 6,47 милијарди американски долари во вториот квартал од 4,75 милијарди долари пред една година, што укажува на пораст од над 36 отсто.
Заработката по акција изнесува 63 центи, додека една година порано таа изнесуваше 44 центи.
Без еднократни ефекти, профитот изнесуваше 64 центи по акција, во споредба со просечната прогноза од 57 центи по акција, вели „Томсон Ројтерс“.
Неинтересните трошоци се намалија за 5%, а даночните трошоци се намалуваат за дури 43%.
Приходите паднаа за 1% на 22,76 милијарди долари. За споредба, приходите претходната година вклучуваа бонус пред оданочување од 793 милиони долари од продажбата на неамериканскиот бизнис со потрошувачки картички.