По истражувањето кое покажа дека криптовалутите се огромни потрошувачи на електрична енергија, пристигна студија според која традиционалните банки и производството на злато трошат повеќе електрична енергија отколку рударството на криптовалути и трансакциите со нив.

Минатата недела, биткоинот доживеа дебакл на пазарот откако Илон Маск објави дека неговите автомобили Тесла нема да се купуваат со оваа криптовалута, како што првично беше најавено. Како причина за таквата одлука, тој го наведе влијанието на биткоинот врз животната средина, односно неговата голема потрошувачка на електрична енергија, што не е во согласност со принципите за кои се залага американскиот милијардер.

Тогаш крипто компанијата Галакси Дигитал го објави својот извештај според кој банките и производителите на злато се многу поголеми потрошувачи на електрична енергија отколку криптовалутите.

Според нејзините податоци, биткоинот годишно троши 113,89 терават часови годишно, како за рударство, така и за други компјутерски операции потребни за трансакции со оваа крипто валута. Оваа количина електрична енергија е најмалку двојно помала од потрошената од банкарскиот систем, чија потрошувачка се проценува на 263,72 терават часови.

Галакси Дигитал додава дека потрошувачката на енергија за криптовалутите е транспарентна и може да се одреди многу лесно, додека кај банките е многу покомплицирана. Оваа компанија доби податоци за потрошувачката на банкарскиот сектор со собирање на статистички податоци од центрите за податоци на банки, банкомати и мрежни центри преку кои работат картичките.

Според нејзините податоци, индустријата за злато годишно троши 240,61 терават часови. Ниту беше лесно да се добијат овие податоци, па така крипто-компанијата ја пресмета потрошувачката на енергија за производство на злато врз основа на проценките за штетните емисии на гас објавени од Светскиот совет за злато. Сепак, како што велат, веројатно не станува збор за сеопфатни податоци, па постои можност производството на злато да троши дури и повеќе електрична енергија.