Најголемата европска банка по средства, „HSBC“, објави изненадувачки 4% пад на неоданочената добивка за првиот квартал од 2018-та година, објави „CNBC“.
За периодот таа изнесуваше 4,755 милијарди долари од 4,961 милијарди долари од пред една година. Во исто време финансиската институција регистрира и скок во оперативните трошоци од 13%, кои за кварталот биле 9,4 милијарди долари.
Во меѓувреме, приходите на банката се зголемија на 13,71 милијарди долари од 12,993 милијарди долари од пред една година.
„HSBC“, исто така, ги објави плановите за отпочнување на програмата за откуп на акции од 2 милијарди долари, единственото што се очекува во 2018-та година.
За полошите перформанси во поглед на нивната необезбедена добивка од банка, тие ги обвинија нивните повисоки трошоци. Според главниот извршен директор на „HSBC“, Џон Флинт одраз дале и стратешките назначувања во заедничкото вложување на банката во Кина, како и инвестициите во нејзината дигитална дејност. „Овие цели за трошење придонесоа за раст на прилагодените трошоци во првите три месеци од годината“, рече тој во изјавата.
Веста доведе до депрецијација на акциите на банката во Хонг Конг. До 9:30 по македонско време тие се тргуваа за 1,57% пониско.