Креаторите на политиката на Банката на Англија одлучија да ја задржат својата основна каматна стапка непроменета во четвртокот, но најавија дека не очекуваат ублажување на политиката во скоро време.
Одлуката за задржување на референтната каматна стапка на 5,25 отсто ја поддржаа шест членови на Комисијата за монетарна политика, додека тројца гласаа за зголемување на основната каматна стапка на 5,5 отсто. На претходниот состанок во септември, четворица членови гласаа за зголемување на стапката, пишува Wall Street Journal.
Пред последните две одлуки за задржување на каматната стапка непроменета, Банката на Англија ја зголеми основната каматна стапка на 14 последователни состаноци. Одлуката од четвртокот беше во согласност со очекувањата на пазарот.
Комитетот за монетарна политика на Банката на Англија (MPC) посочи дека ќе се погрижи Банкарската стапка да остане рестриктивна доволно долго. MPC зеде предвид широк опсег на податоци за трудот, а според очекувањата, растот на вработеноста во втората половина од тековната година ќе биде послаб од претходно предвиденото.
Според Банката на Англија, досега се почувствувало само половина од влијанието на повисоките стапки, додека инвеститорите покажуваат растечка доверба во политиката на високи каматни стапки „за повеќе и подолго“. Да потсетиме, ден претходно американската централна банка одлучи да ги задржи каматните стапки на непроменето ниво.