Банката на Англија минатата недела објави нова банкнота од 20 фунти на која се прикажува Вилијам Тарнер, англиски сликар од романтичката ера.
Новата полимерна банкнота е објавена како „најбезбедна до сега“ во однос на фалсификување, а ќе биде пуштена во промет во февруари следната година, објави Гардијан.
Гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни, ја претстави банкнотата во галеријата Маргет со името на познатиот сликар затоа што тој се школувал таму и многу од неговите слики се пејзажи од околината.
Банкнотата од 20 фунти беше претставена со полимерите од 5 и 10 фунти, кои беа објавени во септември 2016 и 2017 година, соодветно.
Банката на Англија се префрла од традиционалните хартиени банкноти на полимер, бидејќи тие се почисти, потрајни и потешки за фалсификување.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк