Банката Сантандер му понуди договор од 52 милиони евра на Андреа Орсел во неуспешниот обид да го ангажира како извршен директор, објави “Фајненшал тајмс”.
Официјалното писмо на понудата од 24 септември од шпанската банка, кое е објавено од страна на весникот, открива бонус од 17 милиони евра плус до 35 милиони евра од акциите на Сантандер како компензација за изгубената плата со напуштање на чело на инвестицијата банка на УБС во Швајцарија. Сантандер ја откажа понудата во која се наведуваат неверојатните трошоци, но Орсел покрена тужба за нарушување на договорот и бара банката да го вработи или да плати штета од 100 милиони евра.