Надлежниот орган на Швајцарскиот финансиски пазар го казни Јулиус Баер за непочитување на обврските против перење пари.

АП известува дека казните изречени за наводна корупција се поврзани со венецуелската државна нафтена компанија и Светската фудбалска федерација – ФИФА.

ФИНМА, институција за контрола на финансискиот пазар, во својата одлука изјави дека Јулиус Баер сериозно „го прекршил законот за финансиски пазари“ и забранува да продолжи да прави „големи и сложени аквизиции сè додека целосно не ги исполни своите законски услови и норми “.

На одборот на директори исто така му беше наредено да го сфати посериозно перењето пари. Банката најави дека ќе соработува со надлежните органи, како и дека ќе работи на отстранување на неправилностите.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк