(Време за читање 6 минути)
Кога почнав да пишувам за Биткоин и за криптовалутите, немав некое големо знаење за криптовиот свет. После мојата соработка со bankometar.mk почнав да учам повеќе и дознав некои неверојатни работи за тоа како целиот овој свет функционира. Мојата прва статија беше за историјата на Биткоинот и некои од фактите и деталите за неговиот раст. Ако се вратите и ја прочитате таа статија, ќе видите како шпекулациите, прописите, заканите, влијаеа врз цената на биткоинот. Особено од страна на некои лидери на големите банки. Кога Биткоинот се појави на сцената, беше (и се уште е) голема закана за банките. Сето тоа се должи едноставно на фактот дека Биткоин е децентрализиран и не користи трета страна како што се банките. Со воведувањето на биткоин во светот, исто така се запознавме и со технологијата Блокчејн. Тоа е системот или мрежата на кој работи Биткоинот.
Ако погледнеме назад во историјата, ќе видиме како сите поголеми банки беа и сеуште се против Биткоин. Како тие зборуваат лошо за Биткоин на Светските економски форуми. Во оваа статија не сакам да посветам премногу внимание на овие работи. Ако сакате да знаете повеќе, се што треба е само да отидете на каналот на YouTube и да напишете – Банки против Биткоин и ќе најдете стотици видеа како банкарите објаснуваат дека ќе го запрат Биткоинот и како сите крипто валути се осудени на пропаст.
А зошто? Едноставно затоа што се плашат дека криптовалутите ќе ја земат нивната работа еден ден и банките нема да бидат повеќе потребни. И што прават банкарите? Тие напаѓаат, зборуваат негативно, шират лаги и пробуваат се што е во нивна моќ за да ги запрат криптовалутите. Но , тоа едноставно е невозможно да се направи.
Оваа статија ќе биде за тоа како банките го менуваат својот став према Блокчејн технологијата и Криптовалутите. Прашањето останува исто. Ако сега се заинтересирани, откако пробаа се што е во нивна моќ да ги спречат криптовалутите и едноставно видоа дека не постои начин да ги запрат,дали ќе ги прифатат криптовалутите или намерно цело време шпекулираат само за да профитираат ? Одговорот на тоа прашање ви го оставам вам.
Сега, ајде да ги погледнеме некои од банките кои всушност инвестираат во блокчејн.
Големите финансиски институции го истражуваат блокчејнот за различни цели: Оптимизирање на евиденцијата на синџирот на снабдување, борба со измама, следење на исплатите и правење на постојните процеси да бидат поефикасни.
Банките покажаа интерес за партнерство со големите технолошки продавачи и помали стартап компании за развивање на блокчејн технологијата. Постои добра причина за нивното зголемено внимание: според проценките на Сантандер, технологијата може да ги намали трошоците за инфраструктурата на банките до 20 милијарди долари секоја година до 2022 година.
Големите банки на “Вол Стрит”, како што се (JP Morgan Chase и Citigroup), го завршија успешното тестирање на блокчејн технологијата за следење на кредити од стандардните обврзници во април 2016 година, со цел проширување на технологијата со замена за кредитни обврски или дури и за следење на тргувања во живо. Дури имаа и потези за заедничко работење со други банки, за поставување стандарди околу употребата на блокчејн системите.
Компанијата R3 со седиште во Њујорк, објави во 2015 година, дека создаде конзорциум со голем број банки за да ги испита случаите за употреба на блокчејн околу хартиите од вредност и плаќањата.
Тука спаѓаат Barclays, BBVA, Commonwealth Bank of Australia, Credit Suisse, JP Morgan, State Street, Royal Bank of Scotland и UBS. Уште 12 банки се приклучија на R3 кратко потоа, вклучувајќи ги и Banco Santander, Danske Bank и уште неколку други.
Во јануари 2018 година на Светскиот економски форум во Давос – Швајцарија, Брајан Мојнихајан , извршен директор на Bank of America, изјави: Веруваме во идејата за дистрибуирани книги и паметни договори. Ние развиваме работи.
Кралската банка на Шкотска, како и друга глобална банка која не сакаше да биде именувана , се приклучија на софтверската компанија R3 во Њујорк, во септември 2017 година, во партнерство со регулаторот на Британската регулатива за финансиско однесување. R3 е Corda Блокчејн, којшто блокчејн во овој случај им овозможува на RBS автоматски да генерира доставувачки сметки за резервации за хипотека и да ги испраќа овие долж регулаторот.
Руската државна банка за развој Vnesheconombank во јуни 2017 година објави дека ќе го испита блокчејнот за управување со проекти и финансирање на синџирот за снабдување. Претседателот Сергеј Горков изјави: Кога почнавме да размислуваме за тоа како да управуваме со проекти ефикасно, сфативме дека не постои добра платформа за тоа. Сè што имавме беше веќе застарено. Сфативме дека Блокчејн технологијата е добра фундаментална и квалитативна платформа за во иднина. Започнуваме со оваа технологија, формиравме квалификационен центар и пилот-проект.
Barcley соработуваше со апликацијата за исплата на обврзници Circle, која делумно работи на биткоин блокчејн мрежата во април 2016 година. Со ова Crcle се легитимизира , a исто така и се стекна со дозвола за електронски -пари од страна на Обединетото Кралство, дозволувајќи и на компанијата да ја задржи фунтата стерлинг,како и олеснување на плаќањата и да може да се изврши размена на валута. Како дел од својата програмa, Barcley исто така соработува со шведската Биткоин менувачница Safello. Банката потпиша доказ за концепт договор , за да се истражуваат како бокчејн технологиајта може да се користи во нивните операции.
Извршниот директор на UBS Оливер Бусман е голем поддржувч на Блокчејн технологиата веќе некое време. Тој вели дека технологијата многу ќе влијае на финансиските услуги, а швајцарската банка инвестира за да напредува. Ова вклучува поставување иновативен центар во центарот за стартување во Лондон, Ниво 39, за да се истражи како УБС може да работи со трети лица. Всушност, УБС разви своја сопствена монета, за да функционира како паричен еквивалент на главните валути на централните банки, за разлика од децентрализираниот модел понуден од страна на биткоин. Иницијативата беше поддржана од страна на некои големи банки како – Barclays, HSBC, State Street, Credit Suisse, MUFG, Deutsche Bank, Santander и многу повеќе.
Шефот на иновации на Сантандер Хулио Фаура за Techworld изјави дека шпанската банка работи на повеќе случаи на употреба за блокчејнот внатрешно. Дистрибуираната книга е многу елегантен начин да се решат финансиските проблеми, изјави Фаура. Тоа може да значи дека исплатите може да потраат неколку дена а ова може да потрае неколку минути или дури и секунди. Во ноември 2017 година Сантандер Велика Британија, Рипл и Американ Експрес потпишаа договор за користење блокчеин за прекугранични деловни плаќања.
Citi Bank. Citi е уште еден од инвеститорите во Блокчејнот, заедно со NASDAQ. Но, ова не е првпат да покаже интерес за блокчејнски системи. Bank of America исто така развива блокчејн технологија, внатрешно и ги тестира своите своите “Citicoin” монети како метод на прекугранични плаќања. Nasdaq и Citi во 2017 година објавија заедничка интегрирана понуда за исплата со помош на дистрибуирана книга и трансакции на плаќања.
Шпанската BBVA е подготвена да ги тестира можностите на блокчејн и има инвестирано во Биткоин фирмата Coinbase за да биде во тек со технологијата. Во ноември 2017 година, BBVA ја користеше блокчејн платформата (Wave) за да ја спроведе првата меѓународна трговска трансакција меѓу Европа и Латинска Америка. Со користење на блокчејнот, BBVA го намали времето за испраќање, потврдување и овластување за меѓународна трансакција од седум дена до 2,5 часа.
Берзата NASDAQ веќе некое време работи со (Chain) платформата, за еден од најамбициозните проекти од водечка фирма за финансиски услуги досега. Таа планира да користи блокчеин надвор од тест-околината подоцна оваа година, забрзување и поедноставување на издавањето и преносот на акции на приватни компании.
Како што можете да видите, сите поголеми банки во светот почнаа да инвестираат во блокчејн технологијата. Банките ги видоа можностите што ги нуди блокчејн технологијата и криптовалутите. Во овој момент тие се заинтересирани само за блокчејн а не многу за криптовалутите. Но, неодамнешните извештаи покажуваат дека тие повторно го разгледуваат Биткоинот и некои други криптовалути.
Повеќе за тоа во следната статија!
До следниот пат … ..
Ви благодарам што читавте
Регистрирајте се на мојот блог http://darkoonlinetips.blogspot.com/
Следете ме на Фејсбук http://bit.ly/2zDUBpp