(Време за читање 4 минути)

Во  претходната статија пишував за банките и блокчејнот и како тие размислуваат да ја прифатат оваа нова технологија. Но, доколку назад пред само две години, ќе видите како сите банки беа против се што е поврзано со Биткоин и блокчеин. Смешно е како ние како луѓе за нешто што е ново и нешто што не го знаеме, веднаш го подигнуваме нашиот одбранбен штит. Не сакаме да знаеме ништо во врска со тоа. Го гледаме како закана. Обично има многу мал број на луѓе кои се отворени за да видат и научат што може некоја нова работа да направи за нив. Можеби затоа што сме воспитани на овој начин, да не веруваме никому, да не веруваме во ништо ново што го гледаме, да бидеме претпазливи или едноставно да не разговараш со странци. Истото се случи и со банките. Првото нешто што го видоа во Биткоин и Блокчејн беше закана. Закана која што еден ден може да ги затвори. За да се одбранат од оваа закана тие почнаа да зборуваат негативно и да шират невистини, лаги за криптовиот свет. Како крипто валутите претставуваат огромна закана за човештвото и како луѓето може да изгубат огромни пари. Но, како што поминуваше времето тие   видоа дека оваа технологија има огромен потенцијал и пополека започнаа да го прифаќаат Блокчејнот а исто така и криптовалутите.

Дали сето ова го знаеjа од почеток и цело време шпекулираа за да остварат профити?       Одговорот на ова прашање, не можеме да го знаеме со точност.

Како и да е, да се вратиме на денешната статија и да погледнеме како во последно време Големите банки се загреваат за некои од криптовалутите како Биткоин и Рипл.

 

Големите банки сакаат да ги уништат Рипл и Биткоин. Барем, таков впечаток добивате ако ги слушате говорите на банкарите од висок профил. На пример, минатата година лидерот на JP Morgan & Co., Џејми Димон, ја нарече дигиталната валута “измама”. Сепак постои добра причина зад сето ова. Секоја криптовалута е во конкуренција со банките, особено Рипл. Ако редовно ги следите моите статии, една од нив се однесуваше за  “Видови на криптовалути” каде што ги именував врвните пет криптовалути. Рипл е една од нив.

 

Зошто Рипл за нив претставува голема закана ? Едноставно затоа што Рипл како технологија има двојна функција: дигитална валута и дигитална мрежа за плаќање за финансиски трансакции и Рипл користи посредник, исто како и банките.

 

Рипл функционира малку поинаку од другите криптовалути , на платформа со отворен код и     (peer to peer)  децентрализирана платформа, која платформа овозможува трансфер на пари во било која форма, и девизни и криптовалути. Риплe како монета делува и како мост за други девизни и криптовалути .

 

И исто така, Рипл ги подобрува голем број на  карактеристики на традиционалните банки. Трансакциите се завршуваат за неколку секунди во Рипл мрежата. Надоместоците за овие трансфери се исто така многу мали во споредба со традиционалните банки.

 

Рипл во иднина се гледа како директен конкурент на банките. Додека  Биткоинот не се гледа како иста закана, бидејќи работи повеќе како валута.

 

 

Постојат знаци од страна на некои банки кои се загреваат за идејата да го користат Биткоин во нивните трансакции. Некои од овие банки дури и го охрабруваат користењето на Биткоин , дозволувајќи трансфери од менувачниците (со банкарски сметки, а не само со кредитни картички).

 

Тие би можеле да го сторат истото за Рипл, бидејќи можат да бидат многу корисни за нив. Рипл нуди одржливо блокчеин решение и огромна корист за банките.

 

Дали банките ќе ги срушат Рипл или Биткоин? Не мора да значи.

Како што прочитавте во претходната статија како банките активно работат и развиваат сопствени решенија за блокчејн, мислам дека е потребно повеќе време за банките да дојдат до идејата да се потпираат на криптовалутите и чекаат оваа индустријата да биде подобро регулирана и посигурна. Сигурно банките внимаваат на Рипл. За да се случи ова, потребно е повеќе време. Тоа не може да се случи преку ноќ. Но, полека се случува. Полека банките се приклучуваат кон блокчејнои и кон криптовалутите. Развивааат свои идеи и размислуваат за прифаќање на некои од валутите како Биткоин и Рипл.

 

До следната статија бидете внимателни кога инвестирате во криптовалутите, затоа што се уште се доста шпекулативни и нестабилни.

 

Ви благодарам што читавте

 

Регистрирајте се на мојот блог      http://darkoonlinetips.blogspot.com/

 

Следете ме на Фејсбук                        http://bit.ly/2zDUBpp