Службата за човечки ресурси на Стопанска банка а.д. Битола за потребите на Секторот за процесирање, Служба за администрација и евиденција на депозити, објавува

ОГЛАС
за ангажирање еден (1) извршител на работното место раководител.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:
– Економски факултет,
– Најмалку пет години работно искуство во банка,
– Одлично познавање на законската регулатива
– Одлично познавање на англиски јазик,
– Одлично познавање и работа на компјутер (MS Office),

Дел од работните задачи и одговорности на работното место:

  • Развива, управува, организира и ги контролира работните процеси во Службата со цел да се постигнат стратешките цели на Банката,
  • Планира, управува, координира и ревидира со работниот план за Службата, доделува работни задачи и одговорности, ги ревидира и евалуира работните процедури, упатствата, одржува состаноци со вработените за да се идентификуваат и разрешуваат проблемите,
  • Дава насоки за квалитетно извршување на работите и работните задачи на сите вработени во Службата,
    Предлага мерки за унапредување на работните процеси во Службата и се грижи за нивното спроведување,
  • Го координира и контролира процесот на изготвување на Договори за сите видови депозитни продукти во надлежност на Службата, реализацијата на продуктите, комплетноста на општите/подинечните досиеја за одделни продукти и нивното навремено ажурирање, како и чувањето на досиејата (договорите),
  • Ја координира работата на Службата со останатите служби во Секторот и со службите со кои постои поврзаност во извршувањето на работните процеси во Банката,
  • Соработува со останатите служби во насока на унапредување на работните цели и задачи на Службата,
    Извршува и други обврски и има други одговорности на барање на директорот на Секторот и членовите на УО.

Лични карактеристики и вештини потребни за работното место
– Работливост,
– Личен интегритет,
– Доверливост,
– Способност за работа под притисок и во кратки рокови,
– Toчност,
– Комуникативност,
– Креативност,
– Добри организациски и управувачки вештини,
– Способност за препознава и рангира приоритетни зададчи и да предлага рокови за извршување,
– Добри интерперсоналнии комуникациски вештини за воспсотавување односи со персоналот,
– Способност да анализира, интерпретира и презентира законска рамка,
– Иницијативност и способност да дава нови идеи,
– Организациски и вештини за планирање и управување со сопственото време за да се почитуваат поставените рокови и цели,
– Способност за медијаторство,
– Способност за презентација,
– Работа на компјутер,
– Возачка дозвола Б категорија.

Потребата за ангажирање на еден извршител на ова работно место се однесува за работно место на локација Битола. Ќе се разгледуваат исклучиво апликациите на кандидатите кои имаат искуство во познавањето на работењето со депозити во земјата и законската регулатива.

Заинтересираните кандидати да испратат мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на македонски јазик, во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на огласот на следнaта адреса: [email protected] со назнака во Subject „За раководител за администрација и евиденција на депозити“.