Иако важечките прописи не ги условуваат банките каков фонт и големина да користат во своите писмени известувања до клинетите но тие секако мора да бидат читливи.

Банките и финансиските друштва се должни информациите и известувањата да ги напишат на јасен и разбирлив јазик  за нивните клиенти да можат да ги разберат.

 

Банките при доставување на писмени известувања до своите клиенти треба да ја користат онаа величина на зборови која му  овозможува на клиентот лесно да го прочита известувањето, односно документот да биде читлив за просечните корисници, што понатаму му овозможува на корисникот да ја разбере соджината на документот.

Исто така на јасен и разбирлив начин банките се должни да ги известат своите клинети за сите услови под кои им ги пружаат нивните услуги.