Во државната каса заклучно со март годинава по два основа – административни такси и глоби и други административни такси влегле вкупно 1.421 милион денари.
Во касите на македонските банки за ист тримесечен период по основ на надоместоци и провизии се слеале 251 милион денари повеќе (над 4 милиони евра).
Нето-приходите од провизии и надоместоци и натаму растат затоа што банките повторно вршат зголемување на сумите што ги наплатуваат по овој основ. Дел од банките веќе извршија зголемување на надоместоците со почетокот на четвртиот квартал, други пак веќе ги известија клиентите дека тоа ќе сторат од 1 декември.
Меѓу нив и најголемите банки кои имаат најголем пазарен удел – „Комерцијална банка“ и „НЛБ Банка“, а Стопанска банка тоа го стори во првиот квартал годинава.