МИЛАН (Ројтерс) – Една група на банки ќе и позајми на единицата “Телеком Италија” 2,5 милијарди евра за за да им помогне да ги спои своите кули со оние на Водафон – изјавија два извори .
“Телеком Италија” (ТИМ), која контролира 60 отсто од INWIT, се согласи со “Водафон” во февруари за да се проучи идејата за комбинирање на нивните 22.000 телекомуникациски јарболи во Италија во една единица.
UniCredit, Intesa Sanpaolo, Mediobanca, Goldman Sachs and BofA-Merrill Lynch се меѓу банките кои го финализираат заемот преку премостувачки обврзници, но и други кредитори би можеле да се приклучат на договорот, изјавија запознаени извори.
Bridge-to-bond кредитот е механизам обезбеден од банки за компаниите пред да можат да пристапат на пазарот на капитал.
Италијанскиот весник “Il Месагрего” во саботата објави дека се подготвува петгодишен заем за поддршка на партнерството помеѓу ТИМ и Водафон.
Шемата за финансирање се очекуваше да биде завршена најдоцна до крајот на јули, изјавија изворите, при што двете телефонски групи се очекува да потпишат договор за спојување на нивните кули на почетокот од август.
Изворите велат дека INWIT делумно ќе го искористи новото финансирање за да го развие својот бизнис, бидејќи “Телеком Италија” и “Водафон” се трудат да ги забрзаат услугите на мобилната телефонија од петтата генерација во Италија по пониска цена.
Двете компании ги проширија своите биланси на почетокот од оваа година за да купат скапи лиценци за 5G мобилни бранови.
Преклопувањето на италијанските кули на Водафон со INWIT е дел од тригодишниот стратешки план изгласан претходно оваа година од страна на извршниот директор на ТИМ, Луиџи Губитоси, чија цел беше да се заживее најголемата италијанска телефонска група која е оптоварена со повеќе од 25 милијарди евра долг.
Спојувањето ќе им даде на TIM и Vodafone еднакви акции и права за управување во INWIT и ќе ја исклучи потребата да се започне тендерска понуда за останатите акции на INWIT.