Aнализата на НБРМ, според најновите податоци од извештајот за ризиците во банкарскиот сектор во првиот квартал од годинава. споредено со истиот период лани покажа дека банките имаат преполовена добивка.
„Ваквите движења се, во најголема мера, последица на влијанието на настани од еднократен карактер присутни во првото тримесечје од 2018 година (со нив се објаснуваат речиси 90% од падот на добивката).
Остварената добивка во првиот квартал од 2019 година е помала за 9,4% во споредба со 2018 година, што, пак, најмногу произлегува од намалувањето на капиталните добивки од продажби на средства и на нето каматните приходи (заради пад на каматните приходи при истовремен раст на каматните расходи), како и од зголемувањето на оперативните трошоци на банките“, се вели во извештајот на Народната банка.
Заклучно со 31.3.2019 година, стапките на поврат на просечната актива и просечниот капитал и резерви на банкарскиот систем изнесуваа 1,5% и 13,5%, соодветно (наспроти, 3,1% и 28%, за првите три месеци од 2018 година), додека соодносот меѓу оперативните трошоци и вкупните редовни приходи изнесува 50,9% (42,2%, за истиот период од минатата година).