Цената на златото забележа мал пад од 0,37 % вчера и денеска изнесува 1.196,2 долари за унца злато.

Со тоа се намали цената под психолошката граница од 1.200 долари за унца.
Ова намалување на цената на златото не доаѓа од намалувањето на интересот на инвеститорите во овој благороден метал, туку настанува како резултат на зајакнувањето на доларот во однос на другите валути – особено спрема еврото, франкот и јенот.
Доларот и понатаму расте и покрај тензиите со Турција и неодамнешните изјави на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе ги Турција ќе ги бојкотира американските стоки – особено електронските производи и дека ќе ги замени со домашно производство или алтернативен увоз.
По се изгледа дека светот повеќе верува во американскиот долар и американското производство отколку празните закани на турскиот претседател.
Особено е зајакнат интересот на азиските инвеститори за злато во последниот период, особено преку берзата во Хонг Конг.
Обично, во очекување на кризи и економска нестабилност инвеститорите се вртат кон златото како еден од најсигурните чувари на вредноста.