Почитувани следачи на БанкоМетар.мк , ние како Ваш информатор и советник во врска со Вашите финансии би сакале да алармираме дека се почесто забележуваме огласи на Фејсбук како странски лица нудат кредити под примамливи услови.
Ние, по жалби од повеќе наши читатели дојдовме до следниве заклучоци :
1. Најпрво Ви бараат да оставите лични податоци и потоа Ве контактираат на маил
2. Нудат објаснување дека бидејќи не сте нивни жител на таа земја ( најчесто Франција или Италија ) треба однапред да платите од 200 – 400 ЕУР за осигурување на кредитот.
Какво е ова осигурување тимот на БанкоМетар.мк нема одговор.
Кај ниеден кредит не треба да плаќате однапред за услугата. Впрочем, која е логиката да плаќате со пари во процес каде Вие аплицирате за пари т.е. кредит. Нелогично малку , се сложувате?
3. Потоа испраќаат СВИФТ и ИБАН Код каде да се изврши плаќањето за овие пари т.е. износот за „осигурување на кредитот“.
4. После уплатата овие лица исчезнуваат и им се губи траг.
Заради ова, БанкоМетар.мк алармира и предупредува да не наседнувате на вакви измами од кредитори од други земји бидејќи најчесто тоа се финансиски измами кои ги спроведуваат криминалци од странство, кои користејќи ја маката и потребата за пари на поединци заработуваат на ваков нечесен начин од страна на најранливата група граѓани.
Доколку имате било какви прашања или недоумици во врска со ваков тип на огласи, слободно контактирајте не за бесплатен совет на нашата ФБ страна : https://business.facebook.com/bankometar/ за доверлив разговор со нас.
Останете сигурни и информирани со БанкоМетар.мк