Дали знаете дека, доколку земете станбен кредит од 50.000 ЕУР на рок на отплата од 30 години т.е. 360 месеци и со некоја средна каматана стапка од 4,5 % ( ова е некој просек на каматни стапки за станбени кредити во Р. Македонија согласно датотеката на БанкоМетар.мк која може тука да ја проверите : https://www.bankometar.mk/krediti/stanbeni-eur/ ) Вие треба да вратите неверојатни 91.203 ЕУР на крајот на периодот.
Исто така, БанкоМетар.мк во својата анализа не ги има земено во предвид следните фактори ( бидејќи се различни од банка до банка и тешко е да се сведат на заеднички именител ) :
- Еднократна провизија при одобрување ( 0,5-2 % во зависност од банката ) и тоа е трошок преставен во пари од 250 – 1.000 ЕУР еднократно при одобрувањето.
- Трошоците за проценка и репроценка ( околу 100 ЕУР за стан до 60 М2 ) , па од овде добиваме 100 ЕУР Х 30 години = 3.000 ЕУР.
- Осигурување на станот со винкулација на полисата на банката доверител – просечно годишно 50 ЕУР. Па тука имаме 50 ЕУР Х 30 години = 1.500 ЕУР.
- Кога сите овие ставки ќе ги собереме од периодот на отплата добиваме : 50.000 ЕУР кредит, + 41.203 ЕУР камата + 1.000 ЕУР еднократна провизија + 3.000 ЕУР проценка и репроценка за периодот + 1.500 ЕУР за полиси за осигурување на станот , доаѓаме до една неверојатна сума од 96.703 ЕУР да исплатите вкупно на крајот на периодот за да купите стан од 50.000 ЕУР.
Тука мора да нагласиме дека се работи за оптимистичко сценарио во кое оваа каматна стапка од 4,5 % е фиксна за целиот период ( што најчесто не е така , туку расте и истата најчесто е поврзана со промените во ЕУРИБОР каматата ).За повеќе информации околу станбените кредити посетете ја нашата страна во делот за станбени кредити номинирани во евра : https://www.bankometar.mk/krediti/stanbeni-eur/
Што ја предизвикува оваа ситуација да Вие за 50.000 ЕУР вратите 96.703 ЕУР ??? Долгиот рок од 30 години би рекле ние и високите каматни стапки на станбените кредити во нашата земја.
За повеќе информации следете не на https://www.bankometar.mk/ и доколку имате прашање слободно контактирајте не за бесплатни насоки и информации.
Со почит,
Тимот на БанкоМетар.мк