Согласно анкетата која БанкоМетар.мк ја спроведе во месец декември, согласно гласањето на читателите на БанкоМетар.мк со повеќе од 94 % освоени гласови – читателите ја дадоа својата доверба кон планот на Владата за намалување на извршителските трошоци. 

Ние како единствена платформа во Македонија која Вие користејќи ја генерирате заштеди, и овој пат стоиме солидарно до нашите читатели и се приклучуваме кон барањето на граѓаните на нашата земја за драстично намалување на извршителските трошоци. Бидејки : Vox Populi, Vox Dei !

Очекувано, граѓаните во апсолутно и тотално мнозинство очекуваат Владата да остане на ветувањата и да ги „заузда“ трошоците кои извршителите, нелогично според нашите согледувања, ги наплаќаат од граѓаните притоа богатејќи се енормно на грбот на најсиромашната група најранливи граѓани – оние кои завршиле на присилна наплата преку извршител поради својата економска немоќ.

Исто така , зачудувачки беше и фактот што додека ја спроведувавме анкетата, добивме огромен број на пораки од граѓани со поддршка во врска со нашата анкета и барање за што поголема артикулација на нивните барање како и што поголема масовност. Исто така примивме и голем број на лични сведоштва за неправди и останати искуства и поради тоа, во иднина ние ќе ја повториме анкетата за да провериме дали народот е задоволен од спроведеното на терен од страна на државата во врска со извршителите.

 

Наум Димитровски