Деновиве видовме многу препораки скоро од сите банки за измена на режимот на работа и функционирање како и препораки како клиентите да се однесуваат при посети и кон што да се придржуаваат клиентите за време на оваа Ковид – 19 епидемија.

Редакцијата на БанкоМетар.мк сака јавно да ги запраша сите банки во Македонија, што тие превземаат во однос на чистењето и дезинфекцијата на можеби најголемиот трансмитер на овој вирус од нашата бранша. Имено, многу луѓе ги користат банкоматите да повлечат готовина, можеби заразени, оставаат траги од вирусот на банкоматот.

Исто така, луѓето примаат пари во кеш од на банкоматот, која е гаранцијата дека нема да се инфицираат со пари кои ги добиваат од банкоматот. Сите знаеме дека парите се еден од најголемите ризици во ширењето на Ковид-19 вирусот, и се материјал на кој многу долго овој вирус се задржува.

Затоа ги прашуваме банките, во име на сите граѓани, што точно превземаат банките за дезинфекција на банкоматите? Дали редовно се дезинфицираат банкоматите? Дали имаат поставено средство за дезинфекција кај банкоматите?

Накратко: Како банките во Македонија ги заштитуваат граѓаните од користењето на нивните банкомати од вирусот Ковид-19?

Споделете!!!