Почитувани читатели, во текот на вчерашниот ден во нашата редакција дојде следното писмо во електронска форма од страна на наш читател, па со задоволство Ви го пренесуваме интегрално:

Здраво БанкоМетар

Јас сум Ваш редовен читател и следач. Имате супер и интересна содржина но поентата на овој маил ми е следната: Пред неколку месеци со сопругата решивме да аплицираме за станбен кредит во банката каде земам плата. Таа ми беше содружник т.е. жирант или како се нарекува точно не сум сигурен. Ние скоро бевме при крај со апликацијата во банката а и станот го одбравме. Стан од 60 М2 во Кисела Вода – Скопје. Јас таму имам пријател кој работи и по негова препорака решивме да аплицираме во таа банка. Скоро да завршиме со потпишување за кредит во таа банка, една вечер читајќи на мојот мобилен телефон на вест од Банкометар решив во делот станбени кредити да разгледам и да споредам. Морам да признам не ми беше баш најјасно како да споредам па решив да Ви пишам Вам. Со одговорот и со споредбата која потоа сам ја извршив на сите станбени кредити на страната, но и калкулацијата која ја направив на 30 години отплата на кредитот, сам се уверив дека со промена на банката и аплицирање во другата банка која Вие ми ја препорачавте, јас уствари заштедувам на целиот период над 15.000 евра. 

Заради ова сакам да Ви искажам посебна благодарност за работата која ја правите, а мене ми заштедивте на камати огромна сума. Оваа сума е доволна да купиме нова кола со мојата сопруга. 

БанкоМетар фала ви за се!

Дејан Ѓоргиевски- Скопје 


Дејан – Тимот на БанкоМетар.мк ти се заблагодарува за убавите зборови и ова не мотивира и понатаму да ја вршиме нашата дејност. Ти благодариме и ние за искреното писмо и ти посекуваме многу среќни моменти во новиот стан со своето семејство.

Со почит,

БанкоМетар.мк