Судот во Дизелдорф, Германија, отвори стечајна постапка во самоуправувањето на компанијата Esprit Europe GmbH со седиште во Ратинген и уште шест германски компании на модната групација.

Ова произлегува од соопштението на судот на порталот insolvenznachrichten.de. Лукас Флотер беше назначен за управител на постапката.

Компанијата испрати и соопштение за медиумите, а за овој деловен потег известени се околу 1.300 погодени работници. Со работничките совети се водат преговори за социјални планови и усогласување на интересите, а исплатата на платите е загарантирана до стапување на сила на отказот според законот за неликвидност, објави магазинот „Феникс“.

Во мај, Esprit поднесе барање за стечај на филијали во Европа поради неликвидност и прекумерна задолженост. Неодамна, менаџментот на Esprit Europe GmbH преговараше со потенцијалните инвеститори.

„Есприт“ е активен во околу 40 земји во светот, а седиштето е во Ратинген и Хонг Конг, пишуваат германските медиуми.