Министерот за економија Крешник Бектеши утринава во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 најави дека зимава јужното овошје ќе поевтини поради, како што рече, одлуката за зголемување на квотите за негов увоз во земјава.
Одлуката била донесена на седница на Владата одржана утринава.
„Зголемени се квотите за увоз на јужно овошје – лимони, портокали, мандарини и слично и оваа зима граѓаните ќе имаат многу пониски цени на овие производи. Наместо квота од 8 000 тони, ќе се зголеми за дополнителни 2 000 тони до крајот на годината и зимоска ќе имаме многу пониски цени на јужното овошје“, рече Бектеши.