Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска обелодени дел од објектите на ланците супермаркети кои се затворени затоа што не ја почитувале новата одлука на Владата за поевтинување на производите и гарантираната цена. Според него, станува збор за маркети од ланците „Веро“ и „Вива фреш“.

НЕ МИ Е ПРОБЛЕМ ДА ГИ НАВЕДАМ МАРКЕТИТЕ КОИ СЕ ЗАТВОРЕНИ, НО ЦЕЛА ДРЖАВА ГИ ЗНАЕ. ВО СКОПСКИОТ РЕГИОН СТАНУВА ЗБОР ЗА „ВЕРО“ И „ВИВА ФРЕШ“. НЕМА ЗОШТО ДА СЕ ИМА СТРАВ ДА СЕ КАЖАТ. СИТЕ ШТО НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ, ЌЕ БИДАТ ЗАТВОРЕНИ И НАВЕДЕНИ. И ВИЕ МЕДИУМИТЕ ТРЕБА ДА ГИ НАВЕДИТЕ МАРКЕТИТЕ КОИ СЕ ЗАТВОРЕНИ , КАЖА БЕКТЕШИ.

Како што рече министерот, во секој град има речиси по 10 маркети од големите ланци на фирми. Затворањето трае од 3 до 30 денови.