Се уште е неизвесно дали и со какви мерки ќе се влијае на растот на цените кој се случува во изминатиот период. Но, најверојaтно врз трговците кои за време на криза сакаат да профитираат, ќе се делува со измени во надлежностите на Комисијата за заштита на конкуренцијата, кон која министерот Бектеши упати критики за нивната работа.
- Јас не сум слушнал да има престваква од комисијата за заштита на конкрецијата или да преземат конкретна мерка било за неетичко однесување, за здружување, ако вие имате таков пример може да ми кажете и да го пренесеме на граѓаните, јас таква информација немам, вели Крешник Бектеши, министер за економија.
Дали повторно ќе има замрзнување на цени и ограничени маржи, мерки со кои владата претходно се бореше против растот на цените не се знае. Но, од бизнисот јасно кажаа дека тие вакви мерки не сакаат. Сметаат дека има други механизми, со кои може да се делува.
- Намалување на ДДВ, намалување на данокот, да се делува со државни резерви, има други методи кои треба да се разгледаат, рече Менди Ќура, од Стопанска комора на Северозападна Македонија
Во меѓувреме Бектеши ги чека анализите кои треба да покажат дали за енормниот раст на цените има вина кај трговците. Ако има, им се заканува забрана за врешење на дејноста. Изминатиот период низа продукти добија значително повисока цена. Поскапување има кај дел од млечните производи ,а цените на овошјето и зеленчукот веќе подолго време рушат рекорди. Од септември и низа други производи ќе добијат повисоко ДДВ. Тоа ќе се зголеми од 5 на 10 отсто. Од друга страна стопанството го чека и солидарниот данок. Иако, подолго време бизнисот алармира дека треба целосно да се повлече, тоа нема да се случи. Бектеши вели дека е можно да се направаат одредени измени. Според статистиката во јули инфлацијата е нешто над 8 отсто. Експертите неколку пати алармираа состојбата да се следи и да се внимава, при носењето на одлуки со кои треба да се влијае на цените.