Владата деновиве ќе го испрати до Собранието законското решение за субвенционирање плати на компаниите- најави министерот за економија Бектеши. Вели дека ќе се стаса со решението до почетокот на ноември. Четвртиот сет антикризни мерки беа најавени пред три недели, дел од нив, не можат да се применуваат поради тоа што не е донесен ребалансот на буџетот, додека за дел, не се усвоени законските измени.

Ќе има субвенции за октомвриските плати. Владата ќе го испрати деновиве до Собранието законското решение за субвенционирање плати на компаниите, изјави министерот Бектеши. Вели дека ќе се стаса со решението до почетокот на ноември. Ги повика политичките субјекти да не водат дневна политика со антикризните мерки.

Четвртиот сет мерки Владата ги најави пред три недели. Дел од нив не можат да се применуваат поради тоа што не е поминат ребалансот на буџетот, за дел не се усвоени измените во законите. Интервенциите на Владата се потребни во овој момент велат од Светска банка, особено за ранливите категории.

Според министерот Бектеши буџетот мора да го ослободиме од „Македонски пошти“ и од другите државни загубари. Едно од можните решенија е и моделот на јавно- приватно партнерство. Предлог- законот е подготвен со помош на експерти од Светска банка.