Најдоцна за две недели туристичките места вклучувајќи ги Охрид и Струга ќе може да работат и во недела.Министерот за економија Бектеши најави дека измените и дополнувањата на законот за трговија се поднесени во собрание и истите ќе важат за целата година се со цел стопанствениците да имаат поголема можност во делот на зголемување на економската активност.
Од Здружението Чаршиски еснаф се надеваат на што поскоро усвојување на законот бидејќи акко што велат туристичката сезона е во полн ек а градот исполнет со туристи.
Министерот за економија Крешник Бектеши, при денешната средба со трговците од охридско-струшкиот регион, истакна дека сите работници кои ќе работат во недела, согласно ова законско решение, ќе добијат дневници зголемени за 100 проценти.