„Секој потрошувач од среда ќе има можност во супермаркет да купува по означена цена која нема да може да се зголемува воопшто, а утре на седница на Влада ќе бидат избрани производите односно 25 категории на производи кои ќе бидат намалени за 10% во однос на цената која ја имале на 1 август“ порача на денешната прес-конференција министерот за еконимија, Крешник Бектеши.
„Утре на седницата на Владата ќе биде доставена листата на цени, а од среда ќе почнат засилени контроли на ДПИ каде што ќе бидат вклучени и членови од Владата. Би сакал да ги повикам сите чинители во нашата држава, производителите и трговците, чии производи не се на листата, да се јават во министерството за да се прошири опсегот на поевтинети производи. Денеска ќе имам состанок и со производителите на пијалоци и со дистрибутерите, со цел следната одлука да бидат вклучени и тие во одлуката за намалување на цените до 30 ноември“ – рече Бектеши.
Тој откри дека ќе се намали цената на одреден производ без разлика кој го произведува, увезува или дистрибуира.
„Ако се намалува цена на шпагети, ќе се намалат сите видови на шпагети, не само од еден производител. Се работи за 25 категории на основни производи, а според бројот и видов на производи, се работи за повеќе од 50“ рече Бектеши.
На листата се речиси сите прехранбени производи од пекарската, месната и млечната индустрија.