Министерот за економија, Крешник Бектеши, нема конкретно објаснување зошто корисниците од првиот и вториот блок, за кои ветуваше дека ќе добијат пониски сметки за струја, за декември се пожалија дека добиле безмалку двојно повисоки сметки. Ги повика сите што се сомневаат во сметката да се пожалат во Регулаторната комисија за енергетика.
Јас не верувам дека има зголемување на цените повеќе од тоа што го утврди Регулаторната комисија за енергетика, но граѓаните секогаш имаат право на жалба. Ги повикувам, ако мислат дека има некоја грешка или злоупотреба, секако да пријават и тоа ќе се среди веднаш“, рече министерот Бектеши.
Во декември минатата година министерот Бектеши рече дека со новата методолгија корисниците од првиот и вториот блок може да очекуваат намалување на сметките за струја и покарај новата давачка за пристап до мрежата. Поскапа струја министерот најави за ониe што дома трошат колку што троши една фабрика.