Бектеши во посета на Охрид на средба со трговци од охридско-струшкиот регион
Бектеши ќе оствари средба со трговци од охридско-струшкиот регион и ќе ги информира за предложените измени и дополнувања на Законот за трговија за „Недела неработен ден“ во туристичките места.
Според најавите од неговиот кабинет се очекува Бектеши да направи обиколка низ трговските објекти во Охридската чаршија.