Бектеши: За производите со гарантирана цена не важи зголемениот данок

2023-10-10 11:00

По предлог на Министерството за економија со намалени цени се замрзнаа 25 видови прехранбени производи, а по предлог на Министерството за финансии ДДВ-то е двојно зголемено за над 350 производи. Министерот Бектеши најави дека ќе се провери дали меѓу нив има и некои од оние со загарантирани цени.

Премиерот Ковачевски вели дека за долгорочно да се поправи оваа ценовна нерамнотежа, се подготвува Закон за спречување на неточни практики, како што се применувал во земјите од ЕУ. Тој рече дека ќе се регулира целиот синџир од производителот до големопродажбата и продажбата на мало. Ковачевски рече дека Македонија има најобемна листа на производи во регионот кои се оданочуваат со 5 отсто ДДВ.

Премиерот дури вели дека граѓаните требало да се ослободат од навиката з анездрава храна, па затоа цената на пивото паднала, но поскапеле чипсот и апетисаните. Но, во маркетите сега и некоја храна за бебиња, неопходна за секој ден, има ист данок како и цената на морските плодови. Вицепремиерот за економски прашања Битиќи вели дека не пресметале колку пари дополнително ќе влезат во буџетот од зголемувањето на ДДВ-то за овие производи.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека инфлацијата е намалена на 6,6% во однос на август кога изнесуваше 8,3%. Но, во исто време пораснале трошоците за животот и цените во продажбата на мало. Во септември имало раст од 4,7% во споредба со истиот месец лани.