Со ова прашање, американскиот буџет врши притисок пред претстојните претседателски избори во 2020 година.

Преговарачи од Конгресот и Белата куќа постигнаа договор за зголемување на федералното финансирање и зголемување на лимитот за задолжување на владата, обезбедувајќи меѓупартиски компромис, со кој ќе биде избегната нова фискална криза во САД. Ова, исто така, ќе ја предводи дебатата за долгот на престојните претседателски избори во 2020 година.

Според новиот договор вреден повеќе од 2,7 трилиони долари се укинува лимитот на американскиот долг во текот на следните две години – до јули 2021 година, и исто така се зголемуваат трошоците за следната фискална година за околу 50 милијарди. долари над сегашното ниво, анализира Wall Street Joutnal.

Зделката се откажува од значителното намалување на трошоците, што првично сакаше администрацијата, обезбедувајќи дополнителни 320 милијарди долари во наредните две години над ограничувањето поставено во буџетските правила од 2011 година, со кои беа воведени автоматски кратења на трошоците.

Американскиот претседател Доналд Трамп го објави договорот на Твитер: “Тоа беше вистински компромис за да се обезбеди нова голема победа за нашата голема армија и ветерани”.

За да може договорот да влезе во сила, мора да помине низ двете комори на Конгресот и да добие потпис од шефот на државата.

Претседателот Ненси Пелоси од Демократската партија и министерот за финансии, Стивен Манучин, преговараа во последниве недели, надевајќи се дека ќе постигне договор пред Конгресот да биде распуштен за летото – наредната недела. Манучин веќе предупреди дека владата може да го зголеми лимитот за позајмување назад на почетокот од септември, пред пратениците да се вратат од одмор.

Конгресните водачи ветија дека ќе го поддржат двопартискиот компромис, кој ги остави сите страни незадоволни, но се фокусираше на отстапките, со што би можеле да го сметаат за победа, изјави Блумберг.

Според договорот, плафонот за трошење на владата ќе се зголеми на 1,37 трилиони долари во 2020 година и до 1.375 трилиони долари во 2021 година – трошоци кои не ги вклучуваат програмите за здравствено осигурување на Medicare, Medicaid и социјално осигурување, кои автоматски се финансираат, вели извор.

Исто така, се очекува дека во следната година, годишниот буџетски дефицит ќе достигне праг од 1 трилиони долари.

Републиканците инсистираа на зголемени трошоци за одбраната и успеаја да обезбедат 738 милијарди долари за оваа ставка во 2020 година и 741 милијарда долари во 2021 година, вклучувајќи и финансирање на операциите во странство кои не подлежат на буџетски ограничувања . Демократите, од своја страна, ги гарантираат домашните трошоци од 632 милијарди долари во 2020 година и 635 милијарди долари во 2021 година.

Севкупно, зголемувањето на трошоците од 320 милијарди долари во текот на две години е 30 милијарди долари помалку од она што го бараат демократите.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк